Бучковски: По заминувањето на Заев, неколку групации покажуваат амбиции, меѓу нив и Црвенковски!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Владо Бучковски, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека по заминувањето на премиерот Зоран Заев, неколку групации покажуваат амбиции, а меѓу нив се наоѓа и Бранко Црвенковски.

„Бранко не ни крие дека има амбиции. Бранко му нанесе штета на Заев, на почетокот на кампањата. И јас се соочив со суетата на Црвенковски во 2006. Не е случајно голем дел од членовите на СДСМ останаа дома“, посочи Бучковски.