Буданов: Украина ќе се бори за Змискиот Остров

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Началникот на разузнавачката служба на украинската армија Кирило Буданов изјави дека Украина ќе се бори „колку што ќе биде потребно“ за Змискиот Остров во Црно Море.

Тој што го контролира Островот може во кој било момент да го блокира движењето на цивилните бродови во сите правци кон југот на Украина, посочи Буданов.

Според официјални лица, изминатите денови обновените борби за Змискиот Остров би можеле да се претворат во битка за контрола над западниот брег на Црно Море.