Буџетот за 2021 година ќе изнесува 4,03 милијарди евра, приоритет ќе биде здравствениот и економскиот сектор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Груби: Лапсус на Меџити, прашањето е за Ахмети – Меџити: Не е лапсус! Груби да не се крие зад лидерот

Продолжуваат превирањата меѓу интегративците Меџити и Груби. Последното беше околу Насер Зибери, кој вчера беше избран за нов Народен правобранител,...

ДСЗИ: Гинеколошка ординација на д-р Асани е нерегистрирана и за неа нема никаков документ – издадено решение за забрана за вршење на здравствена дејност...

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот...

Забрана за тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Стража и обратно

АМСМ информира дека од 14:40 часот има забрана за тешки моторни возила на патниот правец Гостивар - Стража и...

Општината и полицијата велат дека се работи за сообраќајната безбедност на „Индустриска улица“ во Тетово

Од Општина Тетово информираат дека ги имаат во предвид барањата на жителите на градот кои вчера протестираа на булеварот...

Укината забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец К. Паланка – ГП Деве Баир

АМСМ информира дека од 14.10 часот се укинува забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка-...

Буџетот за идната 2021 година е проектиран на нешто повеќе од 4 милијарди евра и ќе биде во поддршка на здравствениот сектор а оптимистички се најавува и економска стабилност и раст. Планираниот дефицит, односно расходите ќе бидат поголеми за 4,9 проценти од приходите. Се планира бруто домашниот производ да порасне на 4,9 проценти, економски раст од 4,1 проценти, а воедно Владата планира да продолжи со капиталните инвестиции кои се за 20 проценти поголеми од оваа година. Премиерот Заев ги претстави приоритетите на буџетската политика за идната година.

„Поддршка на здравствениот сектор како прв приоритет што значи заштита на здравјето и животите на луѓето кој што е пресликан во предлог Буџетот за 2021 година. Втора цел е економско заздравување и економски раст преку мерки за социјално ранливи категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места“, рече Заев.

Намалување и реструктуирање на буџетските расходи во следната година ќе се спроведе преку кратење на несуштинските трошоци, поддршка на приватниот сектори иновациите јакнење на конкурентноста. Министерот за финансии Фатмир Бесими најави и рационализација и ревидирање на трансферите и субвенциите а најави и продажба на државни удели и државно земјиште.

„Ќе се приватизира дел од државниот капитал тука пред се се мисли на акции во компании каде што има свои акции државата, потоа приватизација на претпријатија кои остваруваат загуби, приватизација на дел од земјиштето во државна сопственост, тука се мисли пред се на земјоделско земјиште.“, рече Бесими.

Поради кризата што ја предизвика пандемијата од Ковид 19 министерот Бесими најави дека во текот на идната година ќе има ребаланс Предлог Буџетот деновиве треба да се најде на расправа во Собранието, најнапред пред матичната Комисија за финансирање и буџет, а потоа и на усвојување на пленарна седница.