Идентитетското прашање е клучно за откочување на процесот и решавање на проблемот со Бугарија, вели поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев. Тој ги набројува и точките кои треба да ги прифатиме.
„Тие се спремни веднаш да го откочат процесот и да ја дигнат рампата за старт на преговорите со ЕУ, но нивниот услов е многу јасен. Точка 1, Да не крадиме бугарска историја, точка 2, да признаеме дека до 2-ри август 1944 година сме биле Бугари и точка три, во главата 35 да стои дека се забранува државите кои кандидираат сега и во иднина да ја толкуваат историјата на погрешен начин“, рече во „10 минути“ на ТВ21 поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев.
