Бугарија го одби предлогот на Орбан за посредување – ВМРО-ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ се виновни со корупцијата и криминалот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За евентуално надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија, по одлуката за одвојување на земјава од Албанија, медијаторство понуди  унгарскиот премиер, Виктор Орбан, за време на тет-а-тет со средбата македонскиот премиер, Христијан Мицкоски во Охрид. Орбан не откри што содржи неговиот предлог за постигнување, на како што рече, спогодба меѓу двете земји, за што Унгарија се нуди како медијатор.

Ова веднаш беше отфрелно од страна на министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов, кој рече дека „Европскиот договор е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“

Од СДСМ со чудење прашуваат како тоа Орбан ќе посредува кога неговиот амбасадор во Еу гласал за раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ што  практично може да значи и крај за шансите на државата да продолжи кон унијата.

„Ако Орбан и Мицкоски се стратешки партнери а пријателството меѓу две земји е вистинско, тогаш требаше да го спречи раздвојувањето и да понуди решение. Унгарија требаше да го искористи својот авторитет како земја претседавач да најде решение наместо во рамки на нивното претседателство да се случи раздвојувањето“, велат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат право ова го да го прават ниту имаат мандат да ги прекинуваат преговорите. Пострашно од се е што Мицкоски нема план, нема стратегија како оваа држава ќе се развива .

„Оваа недела изминуваат 100-те дена и убаво на следните пратенички прашања Владата да дојде со план каде ќе се движи Македонија во наредните години, кога е очигледно одвојувањето на европскиот пат од другите земји“, вели Фатмир Битиќи.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ со практикувањето на корупција и криминал, ставија печат на тонењето на Македонија на патот кон ЕУ и  ја вратија  многу назад на планот на европските интеграции.

„Резултат на седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ е Македонија да остане на дното на патот кон ЕУ, односно и Албанија да оди напред… Прво, лажеа дека Македонија почнала преговори… Второ, практикуваа само корупција и криминал што е сосема спротивно на залагањата на ЕУ…. Тие ставија печат на рекордно ниското ниво на доверба во правосудството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките аналитичари сметаа дека со ваквата  статус-кво позиција може само да се влошува позиција на земјава,ако се има предвид и искуството од долгогодишнио спор  со Грција.