Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, според податоците за 2023 година, бил највисок во Луксембург за 139 проценти над просекот на ЕУ, објави Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека следат Ирска (111 %) и Холандија (30 %).
Други осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ – Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.
Бугарија има најнизок БДП по глава на жител, 36 % под просекот на ЕУ, потоа Грција (33 %) и Летонија (29 %).
