Владина делегација денеска е во посета на Бугарија со цел пронаоѓање на решение за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија, спорт кој што нашата земја ја чини блокада во однос на почеток на преговори со Европската унија. Двајцата премиери Зоран Заев и Стефан Јанев ги започнаа разговорите со средби ливе в лице. Јанев на прес конференцијата по средбата констатираше дека има во моментов можност за наоѓање решение за отворените прашања, додавајќи дека од македонска страна денеска добиле конкретни чекори како тоа да биде решено. Премирот Заев рече дека проблемот е билатерален и дека со конкретни рокови треба лидерите да го најдат решението тука.
Утрово премиерот Зоран Заев имаше и средба со дел од политичките партии, за кои пак не откри дали добил ветување дека доколку по 11-ти јули, денот кога се закажани предвремените парламентарни избори тука во бугарија, би формирале Влада би дале и зелено светло за Македонија. Бојко Борисов на утринската средба на Заев му порачал дека претседателот на државата со кој денеска Заев има средба ќе му каже дека во моментов не можело ништо да се напраив, но Борисов вели дека тоа е само лага и дека во моментов иако има техничка влада истата може да преговара.
Средба премиерот Зоран Заев имаше и со претседателот на државата Румен Радев, а пред зградата се собраа 30-тина демонстранти за како што велат да го поздрават македонскиот премиер и да му порачаат на ироничен начин дека тој бил нивни миленик.
Тука не завршуваат преговорите со Бугарија. Вечерва на работна вечера двајцата премиери ќе продолжат со разговори со цел изнаоѓање на решение. Јовица Пауноски, ТВ21, Софија, Бугарија.
