Блокадата од Бугарија останува. Откако вчера бугарските власти тоа го порачаа преку медиумите, денеска во лице му го соопштија и на премиерот Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи. Бугарија вели не сака билатерални проблеми да носи во Европската унија. Од друга страна, Заев се согласува дека ова е билатерален проблем и дека можат да го решат само двете земји со меѓусебна доверба и разговори. За исходот од сребите во Софија, од главниот град на Бугарија колегата Јовица Пауноски носи повеќе детали.
