Бугарија проблем на патот кон ЕУ – Шекеринска одговара што содржи акцискиот план

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со министерката Радмила Шекеринска, вечерва во „Клик Плус“ разговаравме на различни теми. Не можеше да не ја почнеме темата околу односите со Бугарија и блокадата која се случи минатата година.

Шекеринска одговори што содржи акцискиот план.

„Според информациите, се работи за одредени бугарски сугестии за акцискиот план кој го предложивме. Имавме широк состанок, и рековме ајде да ставиме сите на хартија што може да ја засилиме соработката со Бугарија. Главниот акцент беше ставен на инфраструктура, навистина е жално колку е стара инфраструктурата. Дадовме навистина, документ како држава, во која покажавме дека сакаме да бидеме добри соседи. Ако интересот и од другата страна е идентичен, привилегиите ќе ги искористат двете страни“, рече Шекеринска.

Таа смета дека она кое Бугарија го направила минатата година, не било во духот на добрососедството. Шекеринска рече дека додека е предизборната кампања во Бугарија, не треба да се обрнува многу внимание, затоа што се што ќе се каже, е само „материјал“ за меѓусебните дебати кај нашиот источен сосед.

„Да покажеме дека ние не влегуваме во истата балканска замка кои влегуваа многмина. Очигледно е дека е период на предизборна кампања, се што ќе кажеме е само материјал за меѓусебните дебати во Бугарија. Треба помалку да обрнуваме внимание“, рече Шекеринска.