Старосната социјална пензија од 25 декември ќе се зголеми од 148,71 на 170 лева, одлучи бугарската Влада, соопшти прес-службата на кабинетот.
Со зголемувањето ќе се зголемат пензиите на близу 60.000 лица и додатоците на пензија на околу 69.000 пензионери.
Промената ќе доведе до зголемување на пензиите кои не се поврзани со работна активност бидејќи со закон нивната висина се утврдува во зависност од социјалната пензија за старост. Тоа се пензиите за воена и цивилна инвалидност, социјалната инвалидска пензија и личната пензија. Ќе се зголемат и нормативно утврдените додатоци на пензиите – за странска помош и за воените ветерани.
Кабинетот ги одобри и измените на проектот „Спаси ме+“. Со него се гарантира дека работниците и самовработените во стопанските дејности привремено затворени од државен орган поради Ковид ќе продолжат да добиваат надоместок во 2022 година во висина од 75 отсто од приходите од осигурувањето за јули за времето кога биле на неплатено отсуство.
