Бугарија: Татко го полил 4-годишниот син со бензин и го запалил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

4-годишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, полиено со бензин и запалено од сопствениот татко, дознава бТВ. 

Детето има 80% изгореници по телото и итно е пренесено во придружба на мајка му во „Пирогов“.

Според зборовите на мајката, таа не живеела со таткото на детето. Таа во полиција рекла дека тој е виновен. 

Инцидентот се случил нешто пред 17 часот.

Момчето е во исклучително тешка состојба. Таткото побегнал и по него се трага. Полицијата разјаснува што точно се случило со детето.