Бугарски државјанин од Струмица, бил претепан синоќа од двајца маскирани лица во центарот на градот. Настанот се случил во миговите кога Митко Георгиев бил со својата сопруга, пренесува бугарски „24часа“.
„Претпоставувам дека бев следен откако излеговме од еден ресторан околу 21:15 часот, на улицата во центарот, ме нападнаа две лица и почнаа да ме тепаат. Извадија и оружје“, кажува Митко Георгиев, пренесе порталот.
„Мојата сопруга се развика и се насобра народ, по што напаѓачите избегаа. Приајвив во полиција, имам и медицинска потврда“, рече Георгиев, кој истакна дека случајот го пријавил и во бугарската амбасада во Скопје.
