Бугарската влада ќе ги анализира информациите од „Пандорини документи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прво треба да ги проучиме информациите од „Пандорини документи“, а потоа сигурно ќе има реакција. Ова го коментираше бугарската влада во врска со меѓународната истрага, која открива како светски политичари ги користеле даночните оази за лична корист, јави БНТ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските медиуми по повод објавувањето на „Пандорини документи“ посветуваат многу сериозно внимание на фактот дека во студијата на Меѓународниот конзорциум истражувачки новинари се вклучени двајца бугарски политичари, како и името на актуелниот министер за финансии на Србија Синиша Мали затоа што купил 24 луксузни апартмани во бугарското црноморско одморалиште „Св. Никола “во вкупна вредност од околу 5 милиони евра, со кои управуваат офшор компании.

Мали е еден од најблиските соработници на српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешен градоначалник на Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: