Бујар Османи: Имаше инсистирање од Министерството за финансии да се отворат обложувалниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 дебатираме со вицепремиерот Бујар Османи како претставник од ДУИ, и Аријанит Хоџа од БЕСА. Двајцата зборуваат за актуелните состојби во државата.

Османи рече дека отворањето на обложувалниците е на инсистирање од Министерството за финансии, веројатно поради нивни анализи.

Спортските обложувалници беа затворени околу два месеци, и денеска повторно се отворија со разни препораки, мерки и протоколи пропишани од Владата.