Чаир: Платформа за спречување на насилството во училиштата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Чаир презема чекори за создавање заедничка платформа за спречување и справување со насилството меѓу врсниците во училиштата.

Градоначалникот Изет Меџити изјави дека платформата ќе ги вклучи општината, училиштата, психолозите, наставниците и родителите.

Целта е навремено спречување, идентификување и третирање на случаите на насилство, преку едукација и соработка меѓу институциите. Иницијативата доаѓа по сериозниот инцидент во Чаир, каде што 13-годишник беше повреден со нож и е во критична состојба.

Пет лица се уапсени во врска со случајот. Според Министерството за внатрешни работи, тепачката се случила на 31 август помеѓу две групи млади луѓе, додека 13-годишник е осомничен за употреба на нож и повредил три лица.