Чекаат на улица за работа! – Поголемиот дел од невработените во Кичево имаат над 40 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Секој ден стануваат во 6 часот наутро и излегуваат на улица за да бараат работа.

На ова место можеш да ги најдеш и во ладново, но и кога имаме високи температури. Овие се неколку кичевчани кои ги сретна ТВ21 кои чекаат некој да ги земе за да сработат некоја физичка работа. Велат дека немаат друг излез освен да бараат работа на ваков начин. Се од различни националности и главно се повозрасни лица.

Велат дека цел ден чекаат да дојде некој да ги ангажира со работа, но има денови кога никој не ги зема.

„Излегуваме од 7 часот и чекаме некој да не вработи приватно, сум работел во Пром Кичево до 1993 и од ′93 не работам. Имам два сина, не се вработени и болна ќерка, а ни го укинаа социјалното право за парична помош. Одиме по 20-25 евра преку лето, работиме физичка работа“, вели жител.

„Да кажеме, доколку работиме да носиме вечера дома, ако не како Господ никој не е. Од 6:30 -07 часот сме тука и доколку некој не викне да работиме до 18 часот, дневната плата е 25 евра, одиме и по двајца“, посочи жител.

„Ги гледам овие пријатели и другари како чекаат за работа и жал ми е. За жалење е состојбата на сиромашните граѓани кои чекаат работа а немаат“, порача жител.

Последните статистики покажуваат дека во Македонија во декември 2020 како невработени се евидентирани 156 432 лица. Во општина Кичево во Агенцијата за вработени се евидентирани 4 073 невработени лица и тоа 2 611 од градот и 1 462 од околните села и главно се лица над 40 години.