Државниот секретар во Министерството за земјоделство, Нефрус Челику беше он-лајн гостин во ЕуКлик на ТВ21. Тој објасни за движењето на земјоделците и сточарите во време на полицискиот час.
-Ние како Министерство за земјоделство во соработка со Владата не смееме да го прекинеме синџирот на производство, преработката и транспортот за увоз и извоз на стоки. Ние предложивме и усвоивме уредби за движење на секој земјоделец, сточар кој има потреба да работи на нива или во неговата фарма. Ние во регистарот на Министерството имаме евидентирани над 120 илјади земјоделци. Од нив околу 70 илјади земаат субвенции и имаат потреба да се движат. Така што, со нашите уредби се овозможи на тие земјоделци кои се регистрирани во регистарот за економско земјоделство во регионалните единици на Министерството за земјоделство, тие треба да се обратат во регионалните единици со барање, регионалните канцеларии барањето го доставуваат електронски до Министерството за информатичко општество и тие автоматски ги прават дозволите за движење, а нашите регионални единици ги дават. Тоа беше првиот чекор кој се презема. Потоа се појави потребата освен тие кои се регистрирани, имаме и земјоделци кои не се регистрирани и имаат потреба да работат. Затоа беше усвоена уште една уредба – тие кои работат во селото, местото каде живеат, немаат потреба да вадат дозвола за движење. Но ни се појави уште една друга проблематика – земјоделците кои не се регистрирани во нашите регистри, така ние во соработка со Вицепремиерот на Владата на Северна Македонија, Османи дискутиравме во врска со тоа и тој како претседател на Националниот кризен штаб го предложи тоа, така да ние во соработка со Министерството за земјоделство и МВР се договоривме тие барања на земјоделците да се достават во општинските штабови и само да се евидентираат преку телефон или е-маил тие кои имаат потреба да се движат надвор од зона на селото. И со тоа овозможивме сите да имаат право да работат таму каде што имаат потреба. Но не треба да се злоупотреби туку треба да се користи само за земјоделска дејност.“, рече Челику.
