Челзи го освои трофејот во Лигата на шампионите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Челзи по втор пат во историјата стана европски првак, откако вечерва на „Драгао“ во Порто, со победата над Манчестер Сити, се закити со трофејот во Лигата на шампионите.

Лондонските „сини“ со 1:0 го совладаа својот противник, со голот на Хаверц во 43. минута. Германецот погоди по одличното додавање на Маунт, го мина голманот Едерсон, и го совлада, што на крајот се покажа како клучен детал на финалето.

Челзи во вториот дел имаше шанса и за 2:0 преку Пулишиќ, а во финишот Вокер можеше да израмни и да донесе продолженија.

Ова е прв трофеј за тренерот Томас Тухел, кој и лани играше финале со ПСЖ и го загуби од Баерн Минхен. Гвардиола, пак, никако не му успева со друг тим да се закити со трофејот, откако во минатото го освои со Барселона.