Челзи го смени Лампард со Тухел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тренерска смена се случи во екипата на Челзи. Играчката легенда на клубот Френк Лампард, завчера доби отказ од клупата на лондонските „сини“, и на негово место беше назначен доскорашниот предводник на ПСЖ, Томас Тухел.

За германскиот стручњак ова ќе му биде прв тренерски ангажман во Англија, откако во минатото ги водеше Борусија Дортмунд и Мајнц.

Лампард во Челзи дојде во 2019 година. Меѓутоа сезонава не бележеше добри резултати, а беше нарушена и атмосферата во екипата. Челзи потроши повеќе од 200 милиони евра за засилувања летоска, но резултатите беа катастрофални со кои Челзи се најде далеку од позициите кои носат во Европа, па дојде одлуката за смена.

Дебито Тухел ќе го има веќе утре кога Челзи во натпревар од Премиерлигата игра со Вулверхемптон.