Чешка укинува ДДВ за струја и гас поради високите цени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Чешката Влада привремено го укина данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија и гас поради големиот пораст на цените на енергијата.

Чешкото Министерство за финансии соопшти објави дека ДДВ-то, кое изнесува 21 отсто, нема да се наплатува во ноември и декември.

Одлуката мора да биде одобрена од Европската комисија.

Се очекува тоа да чини околу 78,5 милиони евра месечно. Ова значи дека домаќинствата што плаќаат 1.000 круни месечно (околу 40 евра) за електрична енергија ќе заштедат околу 350 круни во последните два месеци од годината. Владата планира следната година да направи законски измени за трајно исклучување од ДДВ на снабдувањето со електрична енергија и гас.