Францускиот претседател Емануел Макрон, преку Твитер му честита на новиот американски претседател, на француски и на англиски јазик, јави дописникот на МИА.
-Американците го назначија својот претседател. Честитки за Џо Бајден и Камила Харис. Имаме многу што да направиме за да одговориме на денешните предизвици. Ајде да дејствуваме заедно!“, стои во пораката на неговиот профил на Твитер.
