Четири деца загинаа во пожар во Нови Пазар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири деца загинаа во пожарот што зафати станбена зграда во Нови Пазар.

Пожарот избувнал утрово нешто по 7 часот, во еден од становите во зградата на улицата 12. српска бригада.

Според непотврдени информации, најстарото од четирите загинати деца било на околу пет години.

Причината за пожарот се уште не е позната.