На 6 август 2016 година најпрвин Полошкиот, а подоцна со поголем интензитет целиот Скопски регион, се случија големи поплави. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови.
Од Министерството за внатрешни работи информирале дека се пријавени 22 загинати лица во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново од кои 20 се идентификувани, а 4 лица се водат како исчезнати.
На скопските клиники биле примени 22 повредени. Од кризниот штаб информираат дека над 1.000 граѓани биле евакуирани во текот на ноќта на 6 август. Граѓаните, преку друштвените мрежи се организирале за да отворат пунктови за помош на настраданите. На вонредна седница Владата на РМ прогласила кризна состојба во регионот на Скопје и Тетово, во траење од 15 дена, а 8 август 2016 го прогласила за ден на жалост на целата територија на Македонија.
Шест дена по поплавата, на 12 август, во Општина Аеродром почнала дезинфекција на исчистените домови, кои биле зафатени од поплавата.
Жртви
Официјалниот број на загинати граѓани во целиот Скопски регион до 9 август 2016 година изнесувал 21 лице. Најголем дел од нив биле возрасни граѓани, од кои најчесто болни и изнемоштени. Најмладата жртва во невремето било двегодишно дете. Според кажувања на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили.
Напладне на 9 август 2016 година била пронајдена и 22. жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко. Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле.
ТВ21 известуваше во живо во 2016 година еве дел од новинарските стории:
