Четири лица во Тетово сомнителни на јужноафриканскиот сој

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека засега нема нови случаи со делта варијантата на коронавирусот.

Тој посочи дека во Тетово има четири сомнителни случаи на јужноафриканскиот сој.

„Досега немаме информација дека во која било лабораторија е секвенциониран делта сојот дополнително од тие досега дијагностицирани. Утрово разговарав со професорот Димовски од лабораторијата во МАНУ кој што ми кажа дека во Тетово има четири случаи кои треба да се секвенционираат, меѓутоа се суспектни врз основа на оној скрининг којшто се прави, на јужноафриканскиот сој, што значи дека има и други соеви присутни во земјава.  Пристапот е ист – епидемиолошка анкета, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање или не“, истакна Филипче.