Министерот Венко Филипче на прес конференција истакна дека денеска биле тестирани 10 лица, од кои четири се позитивни на коронавирус.
„Денес од Дебар дојдоа уште 10 лица кои се во врска со втората група на хоспитализирани пациенти, кои покажале знаци за горно респираторно заболување. Четири се позитивни“, посочи Филипче.
