Четири нови случаи на коронавирусот во Словенија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Словенија се потврдени четири нови случаи на заразени со новиот коронавирус со што бројот на болни се зголеми на 16.

Премиерот во оставка Марјан Шарец ова го соопшти на прес конференција и информира дека до 14 часот во Словенија се тестирани 981 лице.

Шарец исто така рече дека наскоро ќе се разговара како да им се помогне на словенечките компании кои најмногу ги чувствуваат последиците од ситуацијата во северна Италија која има големо влијание врз нивната работа.