Четворица мигранти загинаа обидувајќи се да го преминат Ла Манш

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Едно лице загина обидувајќи се да го премине Ла Манш со гумен чамец за да стигне до Британија, додека телата на уште тројца мигранти се пронајдени на плажата, соопшти француската крајбрежна стража.

Францускиот регионален оперативен центар за следење и спасување испрати спасувачки брод и хеликоптер на француската морнарица по извештаите за луѓе во неволја во водите во близина на брегот на Паис де Кале, пренесува Ројтерс.

Спасувачите превезоа околу 15 луѓе на безбедно, но едно лице е констатирано мртво и покрај напорите на итните служби да му го спасат животот.

Три тела се пронајдени попладнево на блиските плажи, јавија локалните француски медиуми.

Локалното обвинителство соопшти дека е отворена истрага во врска со овие случаи.

Неколку десетици мигранти загинаа оваа година обидувајќи се да го преминат Ла Манш во неопремени и преоптоварени чамци во силни струи на една од најпрометните бродски ленти во светот, според Ројтерс.