Не можете да престанете да јадете чипс кога ќе почнете? Проблемот не е во вас, кажува науката, туку во нездравата храна. Експертите кажуваат дека таа храна создава зависност како никотин, кокаин или хероин.
Новата анализа покажала дека 14% од возрасните се зависни од ултрапреработена храна. Откритието е шокантно, ако се знае дека во оваа храна вклучува колбаси, сладолед, биксвити, безалкохолни пијалоци и слатки житарки.
„Се чини дека комбинација на рафинирани јагленохидрати кои често се наоѓаат во ултра преработената храна може да го зголемат потенцијалот за зависност на оваа храна“, напишаа авторите на студијата по своите експерименти објавени во „The British Medical Journal“.
