Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска порача дека сите земји-членки на НАТО треба веднаш да ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку три отсто од БДП.
„Поднесов писмено барање до генералниот секретар ова прашање да биде покренато на претстојниот самит во Хаг и да се донесе таква одлука најмалку три проценти од БДП на земјите-членки на Алијансата да се распределат за одбрана“, рече Дуда.
