Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува новинарот Александар Чомовски со кого разговараме за неговата 50-годишна новинарска кариера во бурни политички превирања.
На прашање од модераторот за тоа дали емисијата ја најавил на своите профили, Чомовски вели дека тој е конзервативен и не се разбира од Фејсбук и други веб страници иако има профил на истите.
„Мислам дека им е досадно веќе од мене, и затоа не се најавувам, нити се одјавувам“, додава Чомовски.
Тој вели не само што не се снашол во социјалните мрежи, туку не ги ни искористил.
„Нема да бидам веродостоен, како денеска да работам на социјални мрежи кога тоа не е мое време“, порачува Чомовски.
Во продолжение слушнете го и неговото интересно искуство:
