Долгогодишниот новинар Александар Чомовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека телевизиите ќе посакаат да имаат сопственици како Велија Рамковски.
„Ние сите во македонското новинарство, правам разлика меѓу Велија бизнисмен и Велија менаџер на телевизијата… Ќе посакаме газда од негов тип. Јас бев и новинар, и направив 200 емисии, бев и главен уредник и студио 2 го правевме, еднаш не сврте телефон и ни еднаш не праша што ќе имаме во вестите“, вели Чомовски.
Тој додава дека кога Рамковски се одлучил да направи партија, имал и џентлменска понуда до него.
„Вика прави во вестите што сакаш, но последните три минути дајми ги за моите земјоделци. Тоа беше се“, порача Чомовски.
