Чомовски зборува за случувањата во 1ТВ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Александар Чомовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дебатираше и за случувањата во 1ТВ.

Тој вели дека Бојан Јовановски условно кажано имал идеја за еднократно искористување на нивниот багаж.

„Тоа што ние не бевме подготвени, јас и не бев заинтересиран – вие помладите би требало да бевте малку заинтересирани, да ја видиме позадината на финансирањето на телевизијата. Тоа е сериозно прашање и новинарско, и лично“, посочува Чомовски.

Чомовски вели дека не се споредливи Велија Рамковски и Бојан Јовановски.

„Во основа кај Бојан има исто така отсуство на општествена одговорност, а доминира едно криминално размислување, како да се добереш до парите на т.е. олигархија. Тој интимно веројатно мислел дека и нему му следува дел од колачот на парите што, дел од тие, условно кажано ги рекетирал или им земал пари, ги создале парите на противправен начин“, порача Чомовски.