Во неделата на 3. септември на интернет страницата „Редит“, се појави необична приказна во која еден играч тврди дека видеоиграта Starfield му го спасила животот нему и неговот осемејство.
Играчот кажува дека на 1. септември останал буден до доцните вечерни часови за да го чека излегувањето на играта.
Потоа почнал да игра и додека го правел тоа, чул експлозија од соседниот стан во својата зграда. Ја паузирал играта и заминал да види што се случило, и видел дека пламенот оди кон неговиот стан.
За среќа брзо реагирал, ја разбудил и сопругата и излегол надвор со мали изгореници.
„Да не бев буден и да не играв, сега ќе бев мртов. Сакам да се заблагодарам на оваа игра што ми го спаси животот“, рече тој.
