Чудо: Сред април во Анкара има 15 сантиметри снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скоро ќе дојде половина април, месец кој се поврзува со пролет, а во главниот град на Турција, Анкара паѓа густ снег.

Метеоролозите вчера предупредија на обилни врнежи и бурни ветрови. Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, вчера најави дека сите образовни институции во турската престолнина денеска ќе бидат затворени поради очекуваните временски услови.

Според неговата објава на социјалните мрежи , прогнозите покажаа дека снегот ќе почне да паѓа во раните утрински часови и ќе продолжи до пладне, со можни акумулации и до 15 сантиметри во некои делови од градот. Најавени се и удари на ветер од 40 до 60 километри на час.

„Со цел да ги заштитиме нашите деца од можни неповолни услови, одлучено е да се прекине наставата во сите јавни и приватни образовни институции, како и во сите образовни центри“, рече Шахин.