ЧУДО ВО ИЗМИР: После 33 часа извадено лице од урнатините (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лице после 33 часа било извадено од под урнатините од една зграда во Измир.

Веднаш било пренесено во болница на лекување, но ова е вистинско чудо да се преживее толку долго време под урнатините.

Во земјотресот кој вчера се случи меѓу Турција и Грција, беа срушени дваесетина згради во Измир, трет град по големина во Турција. Во земјотресот досега загинаа 27 лица.