Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција посочи дека мерката за ограничување на движењето не ја почитувале дури 502 лица на возраст од 18 до 67 години.
„Во последните 24 часа, 94 лица не ја почитувале мерката. Поради непочитување на мерката приведени се 192 лица, од кои 14 до 18 години, а 37 граѓани се приведени во изминати 24 часа. Опоменати се 136 лица, а во останати случаи се преземаат дополнителни мерки“, вели Чулев.
Тој додава дека до јавното обвинителство се поднесени 123 кривични пријави, и 12 известувања со кои се опфатени 150 лица.
„За мерките за самоизолација и изолација издадени се 1620 решенија за изолација од кои 90 за 24 часа 90 решенија. Во последни 24 часа нема непочитување на оваа мерка. Потпишани се 9025 изјави за почитување на самоизолацијата“, порача Чулев.
