Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил објави видео спот по повод Денот на македонската полиција.

Тој посочи дека видеото е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите кои се во првите редови со справувањето со пандемијата од коронавирусот.
