Чурлинов и Митровски: Да одиграме уште подобро и да забележиме победа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Македонија утре против Словенија ќе го одигра последниот натпревар во фазата по групи од годинешното издание во Лигата на нации.

„Ме радува што се вратив и жалам што не можев да помогнам минатиот месец на првите четири натпревари. Одигравме добро во Шкотска, но среќата не беше на наша страна. Мораме уште подобро и ако го презентираме на теренот тоа што го бара селекторот од нас, резултатите сигурно ќе дојдат“, истакна повратникот во националниот тим Дарко Чурлинов.

Димитар Митровски поради проблеми со повреда го пропушти дуелот во Глазгов, но сега е подготвен да биде во комбинација за соочувањето со Словенија.

„Се чувствувам подобро по повредата, тренирам нормално и вечерва ќе одлучиме дали ќе настапам или не. Словенија е компактна селекција, играат одлично на транзиција и верувам дека ќе одат на победа. Нам ни останува да дадеме максимум и да се обидеме да освоиме три бода“, рече Митровски.

Натпреварот се игра в понеделник на арената Тодор Проески, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.