Д-р Докиќ во ClickPlus објаснува за групите пациенти кои се хоспитализираат: едни со ниска сатурација, други со коагулација…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Д-р Дејан Докиќ, директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, е гостин на „Клик Плус“ на ТВ21 заедно со министерот Венко Филипче и директорката на Инфектиквна клиника Милена Стевановиќ.

Докиќ објасни кои пациенти се хоспитализираат во болниците.

„Секој кој доаѓа до болница, треба да се смета како ризичен, затоа што во принцип имаат ниска ситурација на крв“, објаснува Докиќ.

„Сите кои доаѓаат може да ги групираме во една категоризација, кои имаат многу ниска сатурација, и тие мора веднаш да се стават на кислород. И тие имаат проблеми со респираторниот систем. Другите имаат проблеми со коагулација. Доаѓа до оштетување на капиларите, пред се на белите дробови, потоа во срцето, некои дури може да имаат и мозочен удар“, рече Докиќ.

Поопширно околу оваа тема, низ следното видео: