Д-р Ристо Симеонов: Носев жолти чорапи кога ја правев првата трансплантација за среќа!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Детскиот хирург и доктор кој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во Македонија, д-р Ристо Симеонов неодамна во емисијата „Urban Late Morning“ на ТВ21 откри дека кога ја правел првата трансплатација во 2009 година, за среќа носел жолти чорапи.

„Посебна припрема лично немам, освен кога работев трансплатација на бубрег си носев едни жолти чорапи кои што едноставно мислев дека тие ми се ксмет за успешна трансплатација“, вели Симеонов.

Тој додава дека успешноста на операциите не е поради чорапите, туку него му било полесно така.