Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19, потврдуваат од Министерството за здравство.
Од таму велат дека тој останува дома во изолација и дека се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга.
Според епидемиолошката анкета, додаваат од таму, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.
