„Да бидеш хуман е голема вредност“ – доброволно ја чистат куќата на Борче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со  средства за чистење, подготвени и со желба да му помогнат група на волонтери  дојдоа во куќата на Борче. Одлучија  да ја исчистат куќата на Борче кој живее во тешки услови.

Тој живее во стара куќа без основни услови за живеење.

Александра Трајковска дошла заедно со синот. Вели дека освен што ќе му помогнат на Борче, ќе му покаже не нејзиниот син дека да бидеш хуман е голема вредност.

Куќата на Борче беше преполна со гости како никогаш досега. Сите чистеа за и  тој да има чиста и безбедна куќа.

Неколку волонтери донесоа  и дрва за греење, за да може да ја помине зимата бидејќи во куќата нема електрична енергија.

Борче Грујиќ живее во населба Пржино – Скопје, со ментални пречки во развојот. Пред една недела во емисијата „И јас сум тука “ Борче побара помош од хуманите луѓе, а веќе денеска желбата му беше исполнета.