Да го чуваме јазикот од странски зборови! УЈИЕ со научна конференција за заштита на јазиците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се повеќе албанскиот јазик ги заменува своите зборови со странски. Ова се случува поради глобализацијата, употребата на странски термини особено на социјалните мрежи и медиумите.

Во врска со овој феномен кој го избледува албанскиот јазик, над 80 експерти се собраа на научната конференција организирана од УЈИЕ, Факултетот за наука и комуникација, каде ќе бидат објавени методите за некористење на странски зборови наместо изворните албански.

Деканот на овој факултет, Демуш Бајрами вели дека целта на конференцијата е зачувување на албанскиот јазик но и другите јазици.

-Конференцијата има за цел да создаде заштитни механизми од т.н. културна имперализација што се случува во ова време на глобализација, на технологии, овде ќе се разгледа прашањето за да се зачува вокацијата, нормата, јазичните правила на секој јазик, бидејќи доколку ги погледнеме и препораките на УНЕСКО во врска со заштитата на јазиците, бидејќи имаме случаи кога за две недели еден јазик може да застрани од неговата јазична реалност, тогаш тоа наметнува потреба да бидеме внимателни во врска со оваа опасност, Демуш Бајрами, декан на факултетот за комуникација, УЈИЕ.

Професорката Мерале Весели вели дека чувањето на албанскиот јазик може да се оствари со неупотребување на странски зборови кога нема потреба за тоа.

-Албанскиот јазик треба ние да го заштитиме, не само академиците, не само професорите туку и од секого од нас, бидејќи ние го чуваме нашиот идентитет на тој начин, заштитата на јазикот е заштита на идентитетот, Мерале Весели, професорка по албански јазик.

Во медиумите но и во секојдневната комуникација било да е таа службена или не, секој ден може да се сретне замена на албански зборови со странски. На пример наместо зборот повик се користи зборот апел, наместо груб се користи брутален и уште стотици вакви примери.