„Да почекаме да заврши истрагата“, Заев: Не мислам дека владата треба да си даде оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Целата Влада нема зошто да чувствува морална одговорност за трагичниот настан во Тетово, рече премиерот Зоран Заев. Додаде дека нема потреба цела влада да си поднесе оставка бидејќи трагедии се случуваат насекаде низ светот.

За разрешувањето на министерот и заменик министерот за здравство како и двајцата директори на болницата во Тетово, Заев уште еднаш повтори дека чека да заврши истрагата, но оцени дека не знае до каде е истражната постапка.

Во меѓувреме и министерот Филипче и неговиот заменик заедно со директорите се уште ја вршат својата функција се до нивното формално разрешување. Но што очекува премиерот да покаже истрагата за потоа да побара одговорност од министрите и директорите.

Но ВМРО-ДПМНЕ нема да чека да заврши истрагата за пожарот во Тетово. Тој до Собрание ќе достави одлука за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче заради лошо менаџирање на здравствената криза која кулминираше со трагичниот настан во модуларната болница во кој животот го загубија 14 лица.

За истрагата на терен веќе пристигнаа и неколку од германските експерти во земјава кои ги прават првите разгледувања и го подготвуваат теренот за форензичарите,за да помогнат во истрагата.