„Да се укине испит или да се скрати материјалот“ – Шаќири: Секое барање ќе се разгледа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Материјалот на државната матура да се скрати или да се укине еден изборен предмет. Ова е барањето на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите. Според првиот човек на оваа организација, Анисија Угриновска, ова барање доаѓа како резултат на не одржувањето на редовни часови во текот на учебната година.

За оваа цел во петок ќе се одржи предупредувачкиот собир пред Министерството за образование и наука, како што го нарекува Угриновска. Но, за овие барања министерот Јетон Шаќири рече дека наставните единици кои не се сработени за време на наставата нема да бидат дел од државниот испит.

Министерството е отворено за разгледување на сите барања без разлика од каде доаѓаат, сепак Шакири додава дека доколку овие барања се неосновани, има место за сомнежи дека студентите и учениците се користат за други цели.

Инаку од Организацијата за дијалог и афирмација велат дека без да имаат пристап до скратените материјали нема да се откажат од нивното барање.