Да се урнат или да преминат под менаџерство на општините? Каква ќе биде судбината на дивоградбите? За некои градоначалници конфискацијата е потребно решение, а за некои не е. Први кои реагираа беа градоначалниците на Охрид и Струга. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е категорично против оваа иницијатива и истакна дека со конфискација државата ќе се богати на грбот на граѓаните.
-Предлогот за конфискација ме потсетува на конфискување автомобили, институциите го одземаат имотот а потоа го продаваат. Истото важи и сега, куќите и објектите на некои луѓе кои ги изградиле, да ги добие државата и да ги продава. Подобро е да се казнат тие кои граделе нелегално отколку да им се одземе имотот и да се продава на аукција-рече Мерко.
Менаџирањето со конфискуваните имоти претставува извор на корупција вели претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска, затоа таа е резервирана во однос на оваа иницијатива.
Инаку, конфискација наместо уривање на дивоградбите предложи градоначалникот на општина Центар, Горан Серафимовски со цел да се спречи натамошно проширување на дивоградбите, а неговата идеја ја достави како иницијатива до ЗЕЛС и побара поддршка и од Министерството за правда и Министерството за транспорт и врски. До сега министерот Кренар Лога позитивно ја оцени оваа иницијатива.