Да живееш со рак, а да го сакаш животот – Николинка: Не дозволив сопругот да ме види откако ја изгубив дојката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака реагираше госпоѓа Николинка кога дознала дека по вторпат ѝ е дијагностициран рак. „Проклетникот “ како што го нарекува таа ја следел целиот нејзин живот, поради што имала и мозочен удар. Само што ја завршила операцијата на тироидната жлезда, дознала дека има и рак на дојка. Се соочила со бројни предизвици, се помирила со судбината дека можеби никогаш веќе нема да зборува, но откако останала без дојка, како што раскажува, изгубила дел од нејзината женственост. Никогаш не дозволив сопругот да ме види во таква состојба, додава таа.

Има 68 години, но каде и да ја сретнете Николинка секогаш ќе видите уредна жена, убаво облечена и нашминкана. Кога ја посетивме во пензионерски дом, ја затекнавме како плете џемпер за внукот. Никогаш не се жалев пред децата, вели Николинка, но најтешкиот момент ми беше кога почна да ми опаѓа косата од хемотерапијата.

Нејзиниот прв сопруг починал од рак. По 16 години се премажила, но и вториот сопруг го изгубила поради канцер. Поради истата болест останала без таткото и братот, но никогаш не се предала и продолжува да се радува и да го сака животот.

Лиридона Беќири од здружението „Борка“ за ТВ21 изјави дека на пациентите болни од рак  на дојка не им недостигале третмани и прегледи дури и за време на пандемијата, освен кога требало да се оперираат. Апелира до жените да одат на редовни прегледи со цел рано откривање и лекување од оваа болест.