Дачиќ: Во Собрание се влегува преку избори, а не од улица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на социјалистичката партија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ги коментираше нередите во Србија вечерва, кога група на демонстранти влегоа во Собранието.

„Социјалистичката партија најостро го осудува хаосот, инцидентите и насилниот упад во Собранието. Нема никакви дилеми дека ова е одговор на опозицијата на повикот на Вучиќ за единство во борбата против короната и во односот на државните предизвици со кои Србија се соочува. Во Собрание се влегува преку избори, а не од улица. Со ова се нанесува штета на цела Србија и се загрозуваат животите на луѓето“, рече Дачиќ.