„Далеку сме од полициски час, но не е исклучено и негово воведување ако има потреба“, најави Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако се појавуваат многу шпекулации за враќање на полицискиот час, сепак, министерот за здравство Венко Филипче најави дека засега сме далеку од тоа, иако не е исклучена и таа можност.

„Не размислуваме за воведување на полициски час. Но, ако сметаме дека тоа е единствената мерка која ќе помогне за спречување на ширење на вирусот, ќе го воведеме. Не е исклучено ниту тоа“, рече Филипче.