Далеку сме од трета светска војна, но многу блиску до најголемата економска криза што ја почувствувало човештвото, смета универзитетскиот професор Нано Ружин во разговор за ТВ21. Според него мерките што западните држави ги презедоа за спречување на војната во Украина биле неизбежни.
Според професорот Ружин, геополитичката положба на Северна Македонија не ја прави земјава погодна за некаков можен напад. Меѓу другото тој додава дека фактот што сме членка на НАТО ни дава дополнителна сигурност и во тој правец апелира до граѓаните да не се грижат. Од друга страна ја повикува Владата да преземе мерки со кои како држава не би биле економски зависни од надворешната трговија.
Инаку професорот Ружин последните случувања во Украина обележуваат нов крај на студената војна што може да воведе нов поредок во меѓународната безбедност.